Доколку не сакате да си дозволите професионалец да ви ги уреди грмушките на очите, еве еден туторијал фор дамис. Земете четка за уредување-чешлање на веѓите и зачешлајте ги нагоре, потоа земете мали ножички и скратете ги краевите на веѓите во форма на арка.
Самото чешлање ви е потребно за дефинирање на Вашата идеална форма и исфрлање на вишокот. Земете пенкало и држете го паралелно од крајот на Вашиот нос, од таму треба да почнува Вашата веѓа,за да го одредите другиот крај измерете ја Вашата дијагонала од ирисот на окото до крајот на веѓата( од надворешната страна).
За одредување на висината на Вашата веѓа погледнете се во огледало и одредете ја најголемата висина на истата. Обележете ги претходно споменатите точки и почнете да кубете, внимавајте некогаш повеќе е подобро.Не остранувајте повеќе од два реда за да го задржите природниот изглед. Може ќе биде потребно да отстраните и малку од страните за да се задржи формата на арка.
Доколку сакате да го доловите тој драматичен изглед може да искубете уште еден дополнителен ред- но внимавајте тенките едноредни веѓи оваа сезона не се во тренд.






















































