
Најверојатно. Иако имаше и вакви случки и претходно со најави за свадби и се останато, изгледа дека сега конечно е сигурна. Најавувајќи го сопствениот концерт на 17 Октомври во Белградска Арена,
најголемата хрватска музичка ѕвезда откри и детали од приватниот живот, спомнувајќи ја својата веридба. Веридбата е тајна, а нејзините очекувања се дека до Нова Година ќе застане конечно пред олтар.Така да Северина конечно ќе биде сопруга на хрватски бизнисмен, а свадбата ја најави веднаш по концерот во Белград. До концертот има 5 месеци, па треба да почне со подготовките уште од сега.


























































