CPanel

Smizla.mk

ДОГОВОР ЗА ДЕЧКО

Ниво на корисникот: / 43
НајлошоНајдобро 
dogovorРОДИ МЕ МАЈКО БЕЗ К`СМЕТ
...и фрли ме во Скопје!!!
И така јас си шмизлав по Скопјево, и не верував деќа ќе ми се случи нешто посебно и ме мавна шок (релативна јачина defcon 3) си фатив дечко. Детето навидум добро дете, не збори, семи-фраер, не пие,не пуши, буљи константно во мене како да не ме разбира... Се што би посакала од дечко. Добро ситуиран, има работа, сопствено возило и најбитно не е заљубен во мајка му. Јас на седмо небо! Арно ама...


и се нервирам што секогаш има арно ама... Детето има повеќе домашни пријатели отколку јас виртуелни на Facebook. Секој ден на роденден кај другар. Па еднаш да беше кај другарка јас немаше да се нервирам. Почнаа црни мисли да ми идат во глава, или е обратно полово дефиниран или ставрно има толку другари. Трето нема.
И јас пукнав.
Затоа решив да пристапам кон работата ко возрасна интелектуална индивидуа.
Му пратив договор за нашиот дечко девојка однос.
ДОГОВОР ЗА ДЕЧКО НА ОПРЕДЕЛЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ!!!
Ги опфатив сите клучни точки и ќе го носам на нотар.
Мислам дека е крајно ефективен, и ве молам слободно послужете се !!
Повелете!

Договор за дечко на определено време

Се под контрола!

Даунлоад на пидиеф овде!


 

Сподели со други шмизли!

Анкетка

Сексот е најдобар во ...
 

Шмизла на Facebook

Шмизла . ЕМКЕЈ on Facebook