CPanel

Smizla.mk

КАКВА МИ Е ФЛИЗУРАТА?

Ниво на корисникот: / 7
НајлошоНајдобро 
blond_spring_hair
Пролетта пристигна на голема врата, и додека нашите мајки го обезбедуваат пролетното чистење на домчињата, ние сме слободни да го средиме истото, но само на нашата ценета коса. Самото време бара промени од нас па ајде да ги модифицираме косичките.

 

 

 

victoria_blond_bob_hair
Прва идеја, копирај ја боб флизурката на Викторија Бекам (мислам таа претходната пред да стане женски Петар Пан. Иако сезоната на масовен ИН му е малце помината,па додате некои остри недовршени прамени, кои целосно ќе Ви го сменат имиџот. Исто така сте размислиле за боб со шишки?Одлична идеја!!!

За виткана или брановидна коса, влезете во плажа стил, додадете го духот на пролетта.Нанесете пена на мокра коса и исушете ја со фен,добивате незамарачка флизурка.

Долгата коса е повторно ИН.Но,Ве молам заборавите ги пеглите за коса(уште полошо, пеглата за пеглање алишта, и оставете ја косата сама да се исуши.

Мојот омилен дел- Фарбај ме? Стандард шема, ПЛАВО СИ Е ПЛАВО, а штикла си е штикла!!! Најплаво што може. Нека биде натпревар за најплава Шмизла!!! Се исплати... Мнооооогу!!

Црвена е дефинитивно новото фанки ин, но Ве молам пазете изберете ја правилната нијанса на црвено. Светете целосно во црвено ,со нијанси од чоколодно, бакарно црвена, до блага варијанта на портокалово розова. Пазете се од ефектот на морковче!!!

Доколку сте упорни и истрајно во задржување на брунета стил,додадете потопли нијанси на златно,дури и до сега лошата варијанта на косата ми свети црвено.

Додатоци без кои не можеме! Венчиња Колку што може пооткачени, ДОЗВОЛЕТЕ СИ И ОГРОМЕН ЦВЕТ ДА ВИСИ ОД ВАШАТА ГЛАВА. Па што, и се радувате на пролета, а сигурно ќе бидете целосно забележани. Штосни ластичиња Само без апликации на Волт Дизни, Ве молаааам. Наједноставно но ефектно, изберете иста боја како Вашата коса.

Марами Па и да не ви успее фризот, фарбата ви ја направи косата сцена од хорор филм, закачете се на марама стил. Најдобро решение за секој ден.
 

Сподели со други шмизли!


Шмизла на Facebook

Шмизла . ЕМКЕЈ on Facebook