Шмизли и Шмизоли, капиталисти и социјалисти, шмизло Haters и шмизла консументи, нашата онлајн шмизла се унапреди (редно време беше). Главните причини за оваа промена секако се: -вирусната епидемија "shmisloza locus epidemious" која што ни е проширена во фрапантни размери
-издигнувањето на поимот шмизла во САМОСТОЕН БРЕНД
-двигатели на економско-социјалната сфера на општеството
-месец МАЈ
Без разлика на фактот дали се качувате или закачувате на шмизла,ефектот Ви е несомнено ист. Шмизлата е Ваша секојдневна окупација. А јас како Ваша шмизла, би сакала да ја изразам мојата лојалност кон неа. Затоа ви го нудам ова мое онлајн парче смеа, љубов, флерт и добар виртуелен провод.
За тебе маче мое,срце,волу,објекту и субјекту на машката популација ти го нудам тајното книжуле на комплексната шмизла психологија. Како да ја препознаеш, нападнеш, освоиш,откачиш и секако најбитното задржиш.
За тебе бок стара, френдице, цурке,другарка моја шмизло,оваа ти е кратка стратегија како да го освоиш примариус местото на топ шмизла. Како да создадеш твои фанови, како да си ја средиш својата физиономија, внатрешна и надворешна, како да го освоиш субјектот на твојот интерес.
За сите Вас драги мои, еден куп информациии за светските шмизли, цуцки, фраери со пороци, Photoshop фотки со или без облека, се што Ви треба од секојдневната трач сфера.
Лесно, едноставно, бескрајно смешно и само за ова поднебје.






















































