CPanel

Smizla.mk

ОСВЕЖЕТЕ СЕ ЗА ПРОЛЕТТА

Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
cvetceКога сезоните се менуваат, вашата кожа сака да го следи истиот тренд. И без разлика колку добро сте се нашминкале прекрасни мои шмизли, сјајната кожа е додадок кој морате да го имате. Време е да ги анализираме производите кои вие ги користите и дали истите одговараат на пролетта.
  • Позитивно осветлување

Тешките хидратантни креми кои ги употребуваме во зимскиот период, при првото затоплување мора веднаш да ги нема (освен ако не сакате истото да добие изглед на претерано масна кожа). И ве молам, не заборавајте употреба на заштитен крем против сончање. Ни сонцето не е она што беше.

Вашата палета за сенки треба да ги добие вистинските јаки бои на пролетта. Што мислите за екстра јака сенка за очи со боја на лимон. Ефектите ќе бидат веднаш видливи, а одговара на секоја боја на очи. Вашите темни кармини, сенки со боја на вино, заменети ги со розовко како и секоја јака шмизла. Уште еден трик, заменете ја црната маскара со кафена. Преку ден не употребувајте кармини, изгледаат премногу нападно, безбоен сјај кој го има истиот ефект кој ви е потребен.

  • Да го исштиркаме телото

Како што ја џиткаме старата гардероба, на места кои не ни се пред видик, така ќе треба да ја исфрлиме и зимската заостаната кожа на телото. Па сепак ќе треба да покажеме повеќе кожа. Па иде лето, и ќе треба уште нешто да се соблече уште нешто. Затоа идеме на процес на ексфолијација, за целосно да ги остраниме сите мртви клетки од нашата кожа.

Што ви е потребно?

  • Сунѓер за тело
  • Хидратантна крема со микро гранули

Процесот е многу едноставен, ќе влезете целосно во вода, ќе поседите 20 мин, и ќе почнете да се гребете, се додека не почнете да не ја чуствувате сопствената кожа.

  • Не се забораваат стапалата pedicure

Доколку не сакате да носите чевли со поголем број, ќе мора да се погрижите за нив. Искористете ги домашните производи, смешајте 3 чаши млеко, со една чаша мед во вода. Оставете си ги нозете на мирување некои 15 мин. Искористете го стариот добар бабин камен за вадење на сите грозни или полугрозни паразити од стапалата. Исплакнете ги со топла вода. Доколку имате малку повеќе работа, тогаш намачкајте се со бебешка крема пред да легнете, до утре стапалата ќе ви бидат меки и спремни за грепкање.

  • Пиеме вода и само вода

Знам дека едно 500 пати е повторено, но никогаш не смее да се заборави делотворниот ефект што го има водата. Почна пролет, земете си флашичка со вода да ве следи секаде каде што одите. И кога ќе бидете во можност заразете се на боровинки, извор на колаген-вашата кожа ќе го добие заслужениот младешки изглед.


 

Сподели со други шмизли!


Шмизла на Facebook

Шмизла . ЕМКЕЈ on Facebook